Убава наша

Ајде да учиме ора

14 јули, 07:24

Она без кое ни еден македонски собир не поминува се македонските народни ора. Од лесни и бавни до тешки и брзи, македонската нација е богата во секој поглед во својата култура. 

Македонските ора можеме да ги поделиме во пет регионални групи: западни, југо-западни, јужни, источни и северни. 

На празници, свадби, на разни прослави, секаде каде има македонци се игра македонското оро. Ората се пропратени со гајда, зурла, тапан, кавал, дајре и други инструменти карактеристични за ова поднебје. Кај повеќето ора имаме промена на ритамот од бавен кон брз. 

Македонски народни ора кои и денес се играат:

  • Правото
  • Пајдушкото
  • Елено моме
  • Беранче
  • Беровка
  • Влашко 
  • Касапско
  • Малешевка
  • Невестинско
  • Осоговка
  • Потрчано
  • Право Тиквешко
  • Ратевка
  • Тешкото
  • Тиквешко
  • Тоска
  • Чучук …

Тешкото во изведба на Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“
 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 16967 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус