Убава наша

Гордоста наша!

26 март, 00:04

Убавината на ова наше мало парче земја лежи во недопрената природа, во обичаите и традицијата, духовноста, но пред сè во душата на народот.

Да ја видиш убавината на Македонија значи да се гордееш што си Македонец, да знаеш да се радуваш на секој успех на синовите и ќерките на оваа земја, да го отвориш срцето за секоја педа од земјата по која чекориш.

Одвреме навреме се појавува некоја личност која многу спонтано успева да го сплоти овој народ, личност која со своето однесување нè прави горди Македонци, ни мами насмевка и ни го отвора срцето.

Денешните разгледници од Македонија ги посветуваме токму на една таква личност, искрена, талентирана, едноставна, личност која силно нè израдува со својот успех, нè направи горди, нè сплоти од најмало до најстаро, ни покажа дека патот кон успехот лежи во чесноста, искреноста и напорната работа.

Даниел, ти благодариме за сите убави моменти, за песните кои ги пееше од срце, за знамето кое гордо го вееше, за радоста која ја донесе во секој дом.

Во очекување на песните кои допрва ќе ги создаде, а ние на глас ќе ги пееме, да уживаме одново и одново во она што Даниел го покажа досега.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2209 пати.

Коментари [1]

Ѓорѓи

Bravos, odlicen napis. Pozdrav,

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус