Убава наша

Кокино

08 ноември, 11:05

Мегалитската опсерваторија Кокино која се наоѓа во северно - источниот дел на нашата земја, на 35 км. од Куманово, е многу важно археолошко наоѓалиште старо преку 3800 години.

Во светски рамки се наоѓа на четврто место од најважните древни опсерватории.

Грандиозно и големо е ова здание во кое и камењата некогаш имале душа. 

 

Се наоѓа на висина од 1013 метри, веднаш под врвот на карпестиот рид Татиќев Камен.

Враќајќи се наназад низ историјата, значењето на Кокино станува сé поголемо.

Нашите предци кои во минатото живееле на ова место умееле со неверојатна прецизност да ги забележуваат периодите на изгревање на Сонцето и Месечината.
На тој начин опсерваторијата ја користеле за научни истражувања, но и за извршување на верски обреди. 

На самиот локалитет се наоѓаат т.н. маркери кои се издлабени во вертикалните карпи и ги означуваат местата на изгревање на Сонцето и Месечината. Исто така има и тронови – камени седишта поставени во правец север – југ и доколку седнете на некој од нив ќе ја имате привилегијата првиот сончев зрак да ве огрее само вас.

Во близина на опсерваторијата пронајдена е и Кокино култура во која се откриени камени цртежи и мрежа од десеттина храмови кои датираат од 2000 години пред новата ера.

Посетата на Кокино е вистинско доживување затоа што мистичноста на ова место ги плени срцата на сите посетители. 

И ден денес во мегалитската опсерваторија Кокино, за која со право може да се каже дека е најстарата древна цивилизација на Балканот, може да се почувствува пулсот на цивилизациите кои престојувале на ова место и да се доживеат нивните научни достигнувања. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6269 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус