Убави нешта
Бидете оригинални за денот на вештерките
Во пресрет на „Ноќта на вештерките” (Halloween), бројни уметници ширум светот почнуваат да ги презентираат нивните костимографски идеи.
За да се добие застрашувачки и несекојдневен изглед на овој ден, покрај облеката големо влијание има и шминката.
Позната козметичка линија се сетила токму за потребите на овој ден да ги презентира нивните производи за разубавување.
Преку оригинални, неверојатни и несекојдневни идеи со помош на добра козметика и шминка се добиваат и неверојатни резултати, па така се добиени и овие идеи за нанесување на шминка на очите, кои во вистинска смисла на зборот го доловуваат духот на самиот празник на „Ноќта на вештерките”.
Костимите секако можат да бидат најразлични, од костури со мртовечки глави, па сѐ до ѓаволи и духови, но повпечатлив и комплетен изглед се добива кога и шминката е добро и професионално изработена.
Леќите за очи кои ќе ја надополнат целокупната шминка се уште еден важен детаљ, па доколку сте во можност набавете си некои интересни и бидете оригинални.
Изборот во што да се облечете, како да се нашминкате и што ќе симболизирате со вашата облека на овој ден, останува на вас. Ние само ви посочуваме големо внимание да посветите и на шминката.
И секако не заборавајте дека тиквите се задолжителни за овој ден.
Додади коментар