Убави нешта
Есенски бајки – фотографии за убав ден
30 септември, 06:27
Есента е најубавото и најшареното годишно време.
Неверојатните трансформации на природата се најзабележливи токму во есен и не може, а да не ја забележиме убавината која нè опкружува.
Фотографот Алекс Гриншпан направи прекрасна серија фотографии преку кои ја долови неповторливата убавина на есента.
Како што и самиот вели, неговите фотографии се работени со многу љубов и внимание, со цел да се долови магијата на ова годишно време.
Неговата цел бездруго е постигната, бидејќи овие фотографии се вистински есенски бајки и секоја од нив раскажува своја приказна.
Чувството на спокој, радост и задоволство честопати доаѓа од малите нешта. Се надеваме дека убавината на овие фотографии ќе допре до вас и ќе ви го разубави денот.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 6176 пати.
Додади коментар