Убави нешта
Импресивна склуптура на Нелсон Мандела, најголемиот борец за мир
Прекрасната скулптура на Нелсон Мандела е поставена по повод 50 годишнината од неговото апсење.
Во 1962, најголемиот активист за мир беше уапсен од полицијата на аперхејдот и беше осуден на доживотен затвор. После 27 години поминати во ќелија, Мандела беше ослободен.
Скулптурата наречена „Ослободување” е дело на јужноафриканскиот уметник Marco Cianfanelli.
Направена е од 50 челични столбови кои ги претставуваат 50-те години од затворањето на Мандела, но според уметникот скулптурата има и друго длабоко значење. Наредените столбови ја симболизираат важноста на солидарноста, мнозинството и моќта на луѓето кога дејствуваат како целина.
Скулптурата е масивна, а за да се види целосно лицето на Мандела треба да сте оддалечени најмалку 35 метри.
Поставена е на местото каде пред 50 години Нелсон Мандела беше уапсен.
Додади коментар