Убави нешта

Книга – светилка

28 август, 11:16

Индустрискиот дизајнер Max Gunawan, во буквална смисла на зборот ја материјализирал мислата на познатиот писател Stephen King, кој кажал дека книгите се уникатно преносливи магии кои насекаде зрачат светлина.

Раководен од неговата мисла, дизајнерот успеа да креира лесно пренослива светилка, која има иста форма како обична книга.

На прв поглед не може да се забележи дека станува збор за светилка, но кога ќе се отворат нејзините страници, книгата се преобразува во несекојдневна и преубава светилка.

Инспириран од техниката за изработување на оригами, Max ја креирал оваа негова книга - светилка и ја нарекол Lumio.

Лесно е прилагодлива според потребите на корисниците, се поставува на ѕид, служи како украс и се користи како светилка за читање книги.

Книгата - светилка е безжична, нема кабли кои мораат да се приклучуваат во штекери бидејќи за производство на светлина таа користи батерија која е вградена во внатрешноста и може да обезбеди осум часовна непрекината светлина, по што потоа треба да се наполни.

На следните фотографии погледнете за што точно станува збор.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4115 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус