Убави нешта
Неверојатни хотели кои го одземаат здивот
Дали сте расположени за виртуелна посета на некои од најубавите хотели во светот?
Ако сте, погледнете какви предлози имаме за вас.
Летото помина и летните одмори завршија, но за одмор никогаш не е доцна.
А одморот во есен е посебно убав и романтичен, бидејќи во есен се буди љубовта во секој од нас.
Само кога би можеле да си дозволите и во живо да посетите некои од овие неверојатно убави хотели, замислете колку убав и романтичен би ви бил есенскиот одмор.
Сигурна сум дека откако ќе ги погледнете фотографиите ќе посакате веднаш да се најдете во некои од нив, бидејќи и јас посакав штом ги видов, и не само во еден, туку посакав некогаш да можам да ги посетам сите.
Прошетката низ хотелите ќе ве однесе од Швајцарија преку Финска до Тајланд, ќе ви ја открие убавината на Франција и Италија, ќе ве нурне во подводниот животински свет на Малдивите и преку Бали ќе ве однесе до Чиле и Кенија, каде во посебно изградениот хотел ќе можете да се дружите со жирафи.
Секој од хотелите е специјално граден, дизајниран и уреден со цел на секој посетител да му понуди беспрекорен одмор, мир и релаксација. Сите имаат неверојатно убави погледи од терасите, со што дополнително се зголемува уживањето.
Задоволувајќи ги вкусовите на најпребирливите, сопствениците одлучиле своите хотели да ги изградат на многу необични места, па така некои од нив се наоѓаат во карпи, некои се неколку метри под нивото на морето, некои од нив благодарение на стаклото од кои се изработени нудат неповторливо спиење под отворено небо полно со ѕвезди ...
Ако ви се укаже можност за избор на некој од предложените хотели за вашиот следен одмор, каде би отпатувале без многу размислување?
„Äscher Cliff”, Швајцарија
Хотел „Kakslauttanen”, Финска
Одморалиштето „Ladera”, Сент Лусија
„Rayavadee Krabi”, Тајланд
„Shangri La”, Париз
Хотел „Ristorante Grotta Palazzese Polignano a Mare”, Италија
„Rangali Island”, Малдиви
„Panchoran Retreat”, Бали
Хотел „Attrap Reves”, Франција
Хотелот „Le Sirenuse”, Италија
Хотел „The Cambrian”, Швајцарија
„Giraffe Manor”, Кенија
Додади коментар