Убави нешта

Неверојатни вертикални градини

10 февруари, 06:44

Патрик Блан е познат ботаничар и креатор на првите вертикални градини во светот. 

Неговата работа станува многу популарна насекаде низ светот бидејќи луѓето сè повеќе и повеќе се заинтересирани за овој вид на уредување и украсување на тревни површини. 

Немајќи доволно слободен простор на кој ќе може да одгледува т.н. нормални градини, дворови и паркови, Патрик Блан дошол до идеа да почне да ги раззеленува вертикалните градби, како на пример згради, куќи, музеи, јавни згради и најразлични други високо издигнати градби, користејќи при тоа одредени видови на растенија кои на ваков начин можат да успеваат.

На овие, па и на многу други растенија не им е потребна никаква почва за да можат да растат и да се развиваат. Сѐ што им е потребно е многу вода во која се растворени минерали и светлина од сонцето, а доколку вертикалната градина се наоѓа во затворена просторија потребна ѝ е многу вештачки добиена светлина.

Благодарение на овие прекрасни и неверојатни вертикални градини луѓето можат да се рекреираат и да уживаат насекаде каде што сакаат и каде што има вакви градини.
Природата може да биде насекаде околу нив во секој момент.

Придобивките кои се добиваат од вертикалните градини не се однесуваат само на изгледот и убаво уредената вертикална површина.
Благодарение на нив во голема мера се прочистува воздухот, се добива термичка изолација на местото каде што се поставени, така што во зима се задржува топлината внатре во објектот на чии ѕидови се поставени градините, а во лето зеленилото и растенијата не ѝ дозволуваат на топлината да биде неподнослива.

Погледнете како во повеќето делови од светот изгледаат и се одгледуваат овие прекрасни вертикални градини и слободно украдете некоја идеја која ќе можете да ја примените во вашето место на живеење.

Неверојатни вертикални градини, Neverojatni vertikalni gradini

Неверојатни вертикални градини1, Neverojatni vertikalni gradini1

Неверојатни вертикални градини2, Neverojatni vertikalni gradini2

Неверојатни вертикални градини3, Neverojatni vertikalni gradini3

Неверојатни вертикални градини4, Neverojatni vertikalni gradini4

Неверојатни вертикални градини5, Neverojatni vertikalni gradini5

Неверојатни вертикални градини6, Neverojatni vertikalni gradini6

Неверојатни вертикални градини7, Neverojatni vertikalni gradini7

Неверојатни вертикални градини8, Neverojatni vertikalni gradini8

Неверојатни вертикални градини9, Neverojatni vertikalni gradini9

Неверојатни вертикални градини10, Neverojatni vertikalni gradini10

Неверојатни вертикални градини11, Neverojatni vertikalni gradini11

Неверојатни вертикални градини12, Neverojatni vertikalni gradini12

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5208 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

8 Декември

8 Декември

Во 1980 година, поранешниот член на Битлси, Џон Ленон бил застрелан од непознат напаѓач.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус