Убави нешта

Популарни тетоважи и нивното значење

07 мај, 05:00

Тетоважите не се само слики кои ги забележуваме кај другите. Повеќето од нив имаат свое значење и луѓето  не случајно се одлучуваат за одредена тетоважа. Ако сте размислувале да ставите тетоважа, убаво е да се запознаете со значењето на одделни симболи. Покрај пораката која ја носат, овие симболи се навистина убави и може одлично да ви прилегаат.

За што и да се одлучите, не претерувајте. Преголемите и многубројни тетоважи не изгледаат убаво и воопшто не се модерни. Најдобро е да изберете мала, интересна слика или симбол кој за вас има одредено значење.

Пеперутка

Древните цивилизации им давале посебна духовна важност на пеперутките. Како тетоважа, пеперутката може да има позитивно и длабоко емоционално значење.

 

Кинески знаци

Овие тетоважи се навистина интересни, а секој знак има посебно значење. Изберете знак кој ќе претставува верба, сила, храброст или неколку знаци кои ќе претставуваат изрека, па дури и приказна.

 

Симболите на Маорите

Симболите на племето од Полинезија се многу популарни и многу тетоважи се инспирирани токму од нив. Ако не ви е познато значењето на симболите, изберете тетоважа која ќе ги прати линиите на вашето тело.

 

Рибата Кои

Оваа риба е национално богатство на Јапонија и ја поврзуваат со многу митови и легенди. Тетоважата на рибата Кои има значење на храброст, емоционална и духовна сила и способност да се одговори на предизвиците на животот.

 

Цветови

Како тетоважа се многу популарни бидејќи освен убавината, цветовите рефлектираат и одредени квалитети на личноста. Лотосот е симбол на интелигенција и мудрост, орхидејата на љубов и убавина... Изберете цвет кој кажува нешто за вас или едноставно цвет кој ви се допаѓа.

 

Музички симболи и ноти

Многу уметници и талентирани личности се одлучуваат токму за вакви тетоважи. Музичките ноти симболизираат талент, посветеност, љубов и уметност.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 14568 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 април

14 април

На денешен ден се навршуваат 17 години од смртта на Видое Подгорец, еден од најплодните македонски писатели, поет, романсиер, патописец и раскажувач.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус