Убави нешта
Прекрасните бои на есента
Есента е годишно време кое е обоено со најмногу бои.
Насекаде преовладуваат прекрасни нијанси на црвена, портокалова, кафеава, жолта и златна боја.
Лисјата нежно и многу полека се одделуваат од гранките, паѓајќи шушкаат и на земјата прават колоритен есенски тепих.
Дождливото време и мирисот на зимница се карактеристики за есента, барем на просторите на кои ние живееме.
Токму дождот е тој кој на ова годишно време му дава романтична нота.
Оние кои го сакаат, уживаат во прошетките под чадори, а оние кои не го сакаат толку многу, имаат многу шанси за романтиката да стане сѐ поприсутна во нивните домови, баш за време на есента.
Сѐ е убаво во есен. Сѐ е толку многу прекрасно и шарено. Убав е и дождот, убаво е ладното време, убава е дури и маглата, всушност убаво е сѐ ако знаете да ја забележите убавината во сѐ што е околу нас.
Колекцијата од прекрасни и неверојатни есенски фотографии која што следи ќе го потврди она што пред малку го кажавме за есента.
Подгответе си од вашиот омилен чај, покријте се со најтоплото ќебе и уживајте во овие фотографии кои со сигурност ќе ја зголемат вашата љубов кон ова годишно време и на еден посебен и специјален начин ќе ја разнежат вашата душа и ќе ве направат да бидете многу поромантични.
Уживајте!
Додади коментар