Убави нешта

Што да направите од стаклениот отпад?

26 мај, 07:55

Моментот кога ќе снемате доволно простор за да ги складирате старите и непотребни стаклени шишиња, сигурно станувате нервозни. Надевајќи се дека можеби некогаш ќе ви бидат потребни, отпадот расте, секако додека не решите да го исфрлите во контењер.

Но, мора ли да ги исфрлите? Секако дека не. Стаклото е доста добар материјал од кој може да направите одлични и практични додатоци за домот. 

 

Како на пример:

Светилки
Украсете го вашиот двор со стаклени и штедливи светилки. 

Или пак направете светилки за во вашиот дом како оние на сликите во продолжение.

Рамка за слика

Ако сакате да бидете уникатни и свои, ставете слика во некоја тегла, шишенце или чаша и завртете ја со отворот надолу и имате одлична рамка.

Мини држачи 

Во бањата се потребни мали теглички каде би ги ставиле тупферите за пудра, памук, чепкалки за уши и некои ситници на кои не знаете каде им е местото. Добро прицврстени за ѕид, тегличките се одлична идеја. 

Вазна

Зошто да не си направите убава вазна, пролетта наближува, може е време да почнете со подготовка. Направете во разни бои и големини. 

Кутии за зачини

Стаклените тегли можат да бидат одлични за чување на зачини. Ставете украсни налепници и напишете го нивното име. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5397 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус