Убави нешта

Традиционалната Hena уметност – Mehndi

11 март, 09:28

Привремената декорација на кожата која многу одамна се применува во Индија, Пакистан и Бангладеш, позната под името Mehndi, е уметност на исцртување на телото.

Смесата со која се исцртува телото се прави од растението Hena,  кое во минатото било употребувано за производство на боја за коса, нокти, кожа и волна.

Оваа техника на обојување на телото стана модерна на Западот во 1990 – те години и неа најмногу ја применувале муслиманките за посебни настани како венчавки, свадби и муслимански фестивали.

Најчесто се исцртуваат дланките и стапалата бидејќи на тие делови од телото кожата содржи повисоко ниво на кератин кое овозможува бојата да се задржи повеќе време и да биде појака од вообичаеното.

Денес постојат Hena конуси со кои многу е олеснето исцртувањето на телото, но во руралните подрачја на Индија жените сé уште го користат стариот и добро потврден начин. Тие употребуваат свежи листови од Hena  растението, ги мелат со камен, додаваат масло кое не е рафинирано и на тој начин добиваат многу појаки бои кои траат многу подолго.

Погледнете ги фотографиите од традиционалната Hena уметност и уживајте!

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2239 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус