Убави нешта
Волшебни снегулки
Сте се запрашале ли некогаш како изгледаат снегулките, каква форма имаат, колку краци и како се распоредени? Одговорите на овие прашања ќе ги најдете во денешнава наша објава која е посветена токму на снегулките.
Мајката природа сѐ што креирала во овој свет го создала со божествена и совршена форма, па така и на снегулките кои се толку малечки, нежни и совршено бели им дала прекрасни и воодушевувачки форми и облици.
Секако ние со голо око не можеме да ја видиме нивната божествена форма, но затоа постојат уметници - фотографи кои со помош на професионални фотоапарати и објективи ја доловуваат формата на снегулките.
Меѓу големиот број на такви фотографи се вбројува и Рускиот фотограф Алексеј Кљатов кој има создадено импресивна колекција фотографии со снегулки. Волшебно ледените снежни убавини кои Алексеј во крупен план ги преточил во фотографии се навистина уникатни уметнички дела на кои може многу јасно да се забележат прекрасните контури на снегулките.
Овие фотографии се само уште еден доказ за неверојатната моќ која ја поседува природата создавајќи сѐ околу нас.
Погледнете ги снегулките и уверете се колку тие се совршени и божествени!
Додади коментар