Убави нешта

Животинчиња

02 ноември, 00:01

Посветеноста на работата, трпението и огромната љубов кон она што го работи се карактеристиките кои го отсликуваат овој Холандски фотограф. 
Едвин Катс е човек кој едноставно е вљубен во природата и животните. 
Есента е неговото омилено годишно време поради колоритноста и разиграноста на боите во природата и поголемиот број од неговите фотографии се направени токму во есен.
Фотографиите на Едвин се вистински уметнички дела. 
За да го долови моментот во кој ежето излегува и ненадејно се појавува и притоа има ливче на неговите боцки, потребно било Едвин да го набљудува ежот со месеци, но сепак трпението и љубовта се двата клучни моменти кои се заслужни за неговите прекрасни фотографии. 
Неговата работа првенствено вклучува набљудување кое некогаш знае да трае и со месеци, па и со години. 
Едвин ја набљудува природата со години, истражува, експериментира и документира, тој е фотограф кој ги знае речиси сите места кои го опкружуваат неговиот дом, знае точно во кој дел и на кое место се наоѓа ежот, на кое дрво е скриена верверицата, знае кога мечката оди на прошетка со нејзиното малечко ... Вакви и многу други слични на овие моменти се доловени во неговите фотографии поради кои Едвин се вбројува во листата на успешни и веќе докажани фотографи.
Неговите главни и основни алатки се фотоапарат Nikon D4 и објектив Nikon 500/4 VR со чија помош се добиени овие неверојатно убави уметнички фотографии.
Ви предлагам да ги погледнете и да уживате во нивната едноставност и убавина.

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

животинчиња, zivotincinja

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4065 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус