Занимливост, Убави нешта
Уметност од догорени чкорчиња
Во потрага по нешто што ќе биде уникатно и што ќе предизвика воодушевување кај публиката, уметниците одбираат најразлични предмети од секојдневието, кои со голема умешност ги претвораат во прекрасни уметнички дела.
Рускиот фотограф Станислав Аристов, идеа и мотив пронашол во догорените чкорчиња од најобичен кибрит.
Малку со помош на објективот, малку со дополнителна обработка на фотографиите, во кои уметникот ја внесол целата негова фантазија, се добиени неверојатни и несекојдневни уметнички фотографии.
Фотографирани токму во моментот кога пламенот ја доживува својата кулминација, догорените чкорчиња се претвораат во нежни форми на пеперутки, цветови, полжавчиња, лебеди и ноти.
Фотографијата има огромна моќ бидејќи може да го прикажи она што очите во одреден момент не можат да го забележат. Прикажува моменти кои многу брзо минуваат и не можат секогаш да бидат доловени.
Таков е случајот и со овие прекрасни фотографии на кои се доловени моменти на краткотрајни пламенчиња од догорени чкорчиња, кои имаат добиено сосема нова димензија и форма.
Погледнете ги!
Додади коментар