Уметност од листови од дрвја
Шпанскиот уметник Lorenzo Manuel Durán стекна светска слава и популарност благодарение на неговите уметнички дела, кои се изработени на листови од дрвја, со посебна техника.
Овој триесет и шест годишен уметник кој е заљубен во уметноста, а првенствено во природата, почнал да ја развива неговата посебна техника откако забележал гасеница како јаде лист од дрво.
Она што како дел останало од недојадениот лист, толку многу го инспирирало Lorenzo, што веднаш во истиот момент зел еден лист и со помош на скалпел почнал да го обликува.
Покрај хируршки скалпел, Lorenzo за изработка на уникатните дела употребува и стоматолошка пинцета и секако многу, многу трпение.
Од тој момент, листовите кои тој ги собира од непосредната околина во која живее станале негово секојдневие, па уметникот им дава живост и посебна убавина претворајќи ги во навистина неверојатни и уникатни уметнички дела.
При моделирањето и сечењето на листовите, Lorenzo води голема грижа секој лист да остане цел, односно да не се расипе и како една целина, едно уметничко дело да може да ѝ се прикаже на јавноста.
Изработката на овие уметнички дела несомнено бара големо трпение и упорност, но кога некоја работа се работи со љубов, сѐ може да се постигне и сѐ е возможно.
Погледнете дел од неговите преубави дела.
Додади коментар