Животен стил, Живеј квалитетно

Уморни сте кога ќе се пробудите наутро?!

31 декември, 00:00

И после осум часовно спиење ви се случува да се пробудите изморени. Дури и да го запазите времето на легнување тоа нема да ви помогне.

Измореноста и после добар сон може да биде резултат на:

Анксиозност – Ви се случува да лежите пред спиење и да размислувате за работите кои треба да ги направите наредниот ден. Тоа предизвикува стрес кој е причина за немирна ноќ.

Стрес – Секој доживува стресни ситуации во својот живот, кои не дозволуваат да имате добар и мирен сон.

Друштвени мрежи, игри, Интернет  Често не можете да се одделите од компјутерот затоа што имате важен разговор или играта е заразна. Одложувањето на времето за спиење влијае лошо врз вас.

Хорор филм  Гледањето хорор филм пред легнување ќе го поттикне мозокот на темни мисли кои ќе ве измачуваат и во сонот.

Јадете доцна  Доколку легнете веднаш после јадење вашиот организам ќе се мачи да ја обработи храната, но не со онаа енергија и бризина која ја има преку ден. Тоа е честа причина за измореноста наутро.

Кавга  Не може да се одморите после кавга од која сте под силна тензија. Напнатоста и лутината ќе ја исцрпат вашата енергија.

Будење во текот на ноќта – Доколку се пробудите во текот на ноќта вашиот сон се нарушува. Лошиот сон ќе ве направи уморни и желни за квалитетен сон. Спијте квалитетно за да имате многу повеќе енергија да се соочите со своите обврски.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2468 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус