Моите рецепти – Утринска покана за чај

23 јануари, 00:04

Утрото е најубавиот дел од денот. И да не се согласувате со мене, тоа е така. Ако мислите дека не е затоа што вие не се чувствувате добро наутро тогаш бидете сигурни дека ВИЕ грешите.

ПРИРОДАТА СЕ БУДИ СО УТРОТО И ГО ПОЧНУВА ЖИВОТОТ, ако не е така тогаш денот би почнувал со ноќта, а не обратно (овде не можете да ме побиете и да сакате).

Утрото треба да се почне со нешто убаво, миризливо, нешто што ќе ве разбуди и ќе ве наполни со енергија толку потребна за целиот ден. Мој предлог е чај, убава топла шолја ароматичен чај и тоа ЗЕЛЕН.

ДА И ДА ЗА ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ

ЗЕЛЕН ЧАЈ, е тоа е веќе тема за која јас би можела да зборувам и да пишувам со часови затоа што од сето она што јас би ви го напишала, најголемиот негов дел би произлегол од моето лично искуство, всушност и вообичаено практикувам кога давам совети од областа на здравата исхрана и нутриционизмот да тие се повеќе од моето лично искуство.

Одамна имав читано за зелениот чај, што е, каков е, за бенефитите што ги добиваме при неговата конзумација и кога одлучив да го пробам е тогаш драги мои навистина пред мене се отвори еден сосема нов свет кој самото мое битисување го направи подобро во секаква смисла, и здравствено и психички, со еден збор ЗДРАВО.

Некои можеби сега ќе речат ма што има тука особено, шолја чај, ќе ја испиете и толку, но драги мои всушност како и спрема секоја друга работа во животот што не треба да ѝ се пристапи едноставно, провизорно, површински, така и шолјата чај не е само обична шолја со миризлива течност. Таа е ризница на корисните состојки што ги има чајот, а кои се докажани и во медицината и во алтернативната медицина и кои го подобруваат и го одржуваат вашето здравје, но таа е ризница и на нешто што преку пиењето на чајот, миговите кои ги посветувате на тој чин ве прават психички и ментално подобра личност.

Ако имате малку љубопитност во себе за да откриете што е тоа што и во Јапонија и во Кина до ден денес ја одржало и ја негува церемонијата на пиење чај ќе видите дека тоа е една цела прекрасна животна филозофија.

Кога пите чај ако сте сам тогаш бидете тука, со таа малку нагорчлива миризлива течност, препуштете се на нејзиниот мирис, оставете слободно да го почувствувате вкусот во вашата уста, а мислата нека го следи патот на таа течност. Концентрирајте се, опуштете се таа минута или две и ќе видите како вашето тело се релаксира, а вашата мисла се смирува.

Ако пак не сте сам тогаш оставете мирисот на чајот да го почувствува секој, полека насочете ја вашата мисла на вашиот другар, љубена или едноставно на тој што е со вас и без да станете свесни за тоа ќе забележите дека до последната голтка веќе сте направиле една убава духовна алка со вашиот другар. Тоа е она што го негува и одржува пријателството, ја храни и негува љубовта, ја грее човечноста и чувството за припадност во вас, будејќи ги и најскриените чувства, правејки ве подобра личност. Тоа е причината зошто и на Истокот оваа церемонија и ден денес се одржува.

Постојат многу видови на зелен чај и сите потекнуваат од едно исто дрво, а тоа што ги разликува е начинот на обработка, но кој и да е најдобро е да се употребува во рефусна форма затоа што концентрацијата на антиоксидансите тогаш е наголема. Тој е неферментиран, непарен и многу малку преработен.

Богатството од полифеноли, минерали, го прави добар во :
-регулирање на маснотиите, ЛДЛ-холестеролот
-го заштитува срцето
-ги елиминира вишокот на течности во организмот
-ја регулира хипертензијата
-го регулира нивото на шеќерот во крвта
-добар борец против габичните инфекции итн.
-го поддржува имунитетот на оптимално ниво
-заштитува од деменција
-ја поттикнува умствената активност
-ја регулира телесната тежина.

Се чува исклучително само во стаклен сад кој е добро затворен.

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Се подготвува исклучително со попарување. Во зависност од типот на чајот се употребува и соодветна температура за попарување на ливчињата, а НИКАКО ДА СЕ ВАРАТ СО ВОДАТА (на тој начин се уништуваат сите корисни состојки).

Се топли вода до точка на вриење и потоа се остава да се излади до 80°C. Во стаклен сад се ставаат онолку лажички чај колку шолји чај сакате да се направи, потоа се попарува со водата и се затвора со капак. Се остава да отстои 2-3 мин., се процедува и се пие полека, голтка по голтка. НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОСТАВА ДА ОТСТОИ ПОВЕЌЕ ЗАТОА ШТО КОНЦЕНТРАЦИЈАТА НА ТАНИНИ ЌЕ БИДЕ ПОГОЛЕМА, ВКУСОТ ЌЕ БИДЕ НА ТОЈ НАЧИН ПОГОРЧЛИВ,  А ЧАЈОТ ЌЕ БИДЕ ПОСИЛЕН И ПОКОНЦЕНТРИРАН ШТО НЕ Е НИ ДОБРО НИ ПОСАКУВАНО. По правило се пие незасладен со лимон и 1/4кафено лажиче ѓумбир во прав, но може и со цимет што зависи од вашиот вкус.

zelen caj, cimet, med, zdravje, recepti, зелен чај, цимет, ѓумбир, рецепти, здравје zelen caj, cimet, med, zdravje, recepti, зелен чај, цимет, ѓумбир, рецепти, здравје zelen caj, cimet, med, zdravje, recepti, зелен чај, цимет, ѓумбир, рецепти, здравје

Со зелениот чај можете здраво да го почнете денот, да го пиете 1/2час после оброк што особено добро ги регулира маснотиите внесени со оброкот, но НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ДА СЕ ПИЕ ПОСЛЕ 17ч. бидејќи сепак во себе содржи кофеин, иако не во таква концентрација како во кафето сепак може да ви го ПОРЕМЕТИ СОНОТ, но во секој случај е многу добар почеток на денот - ВЕ БУДИ И ВРШИ ОДЛИЧНА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ.
Се пие 2-3 шолји чај во денот затоа што сепак во себе содржи танини и кофеин.

Ова е вистината за чајот и ова се нешта кои мислам дека не постои личност на земјинава топка која не би сакала да ги има. Јас ги почувствував, А ВИЕ пробајте нема што да загубите.

Сепак како се вели ОД МНОГУ АРНО НЕ Е НА АРНО И ЛЕКОТ МОЖЕ ДА СТАНЕ ОТРОВ АКО НЕ СЕ УПОТРЕБУВА ВНИМАТЕЛНО, ЗАТОА МОЖЕТЕ СО ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ МНОГУ ДА СИ ГО ПОДОБРИТЕ ЗДРАВЈЕТО и многу години да го одржувате во добра кондиција ако ги почитувате правилата, што всушност важи и за сѐ во животот.

 

 

 

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3008 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус