Позитива, Поучни приказни

Уживајте во вашето кафе

30 јуни, 18:00

Група поранешни студенти со одлични работни места, добра плата и успешна кариера го посетиле својот поранешен професор од факултет. Во текот на нивниот разговор поранешните студенти почнале да се жалат за стресот со кој се соочуваат во животот и во работата.

Како љубезен домаќин професорот ги понудил со кафе, но донесол повеќе шољи со кафе од потребното, некои биле обични и ефтини, некои скапи. Секој од поранешните студенти си зел шоља по своја желба. 

Гледајќи ја нивната реакција професорот им рекол:

„Како што можете да забележите сите убави и скапи шољи ги зедовте, а ги оставивте ефтините. Тоа што вие го сакате најдоброто за вас е извор на вашиот стрес и проблемите во животот. Шољата не го менува квалитетот на кафето, дури некогаш скапите шољи го прикриваат. Сите вие сакавте кафе, а не шољи. Но, сите се одлучивте за убавите шољи, по што почнавте да гледате и да љубоморите на другите кои исто така избраа скапи шољи.
 

Сега слушнете го следното: Животот е претставен со кафето. Работата, парите и позицијата во опшеството се шољите. Тие се само средства кои ги користите во текот на животот, затоа независно која шоља ќе ја изберете тоа нема да ви го промени животот. Често мислејќи на шољата забораваме да уживаме во животот кој Бог ни го подарил.“

Уживајте во вашето кафе.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2209 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус