Здравје, Здрави навики

Важноста на водата за организмот

02 октомври, 06:26

Општо познато е дека 2/3 од човековото тело содржи вода, но сигурно се прашувате зошто ни е потребна и која е нејзината улога?

Недоволното внесување на количество здрава и чиста вода доведува до дехидратација на организмот, при што се јавува чувство на замор и главоболка. Сè што треба да направите е да се напиете неколку чаши вода.

Водата го забрзува метаболизмот, а за оние кои сакаат да ја намалат својата тежина доволно е да конзумираат по една чаша вода пред јадење, со што ќе им се намали апетитот.

Исто така, водата е многу важна за вашата кожа. Со консумирање на доволно количество на вода се зголемува хидратацијата на кожата и се подобрува нејзината еластичност. Притоа, со самата хидратација доаѓа до мазнење на брчките на лицето.

Во текот на денот добро е да се консумира од 1.5 до 2 литри вода, но внимавајте, хлорираната и нечиста вода нема да влијае позитивно врз организмот. Затоа оставете да исчезне хлорот и внимавајте од каде ја земате истата.

И не заборавајте дека водата ѝ помага на крвта при пренесувањето на кислород и други материи до различни клетки во целото тело.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5344 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус