Занимливост, Мистерии

Верувате ли во вонземјани?

15 септември, 06:00

 

 

 

 

 

 

Иако нивното постоење сè уште не е докажано, сепак, не можеме а да не се запрашаме дали навистина постојат вонземјани. 

Што мислите, колкава е можноста од сите познати и непознати планети,  да има интелигентен живот само на нашата? 

Снимките на НЛО, приказните на луѓе кои имале контакт со вонземјани и слични докази од поново време и не се баш веродостојни. Со можностите на техниката лесно може да се направат лажни снимки и да се измислуваат приказни. 

Она што сигурно не е лажно и навистина постои се пештерските цртежи насекаде низ светот, древни, неверојатни, цртежи на кои јасно се гледаат вселенски летала, космонаути, суштества кои како да не се од оваа планета... 

Ако овие цртежи не значат ништо, зошто древните народи би вложиле толку труд за да ги направат? 

Ако никогаш не виделе вселенски летала, зошто им посветиле толку внимание во своите цртежи? 

Дали оствариле контакт со вонземјани, па оттука произлегуваат цртежите на летала и необични суштества? 

Човекот отсекогаш тежнеел да остави записи кои ќе сведочат за негово постоење и неговите  животни искуства.

Ова се записите на древните цивилизации. 

Погледнете внимателно, можеби нивните приказни ќе ви одговорат на прашањето: ,,Дали сме сами?”

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2676 пати.

Коментари [1]

bmrhgj

Во мојата прво објавена книга за вонземен живот тоа е нагивестено, а во втората готова е еднопставно објаснето како следело создавањето на животот...

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус