Здравје, Здрави навики

Вежбањето е најдобра превенција од рак

30 јуни, 07:37

Истражувањата спроведени во повеќе земји низ Европа дојдоа до исти резултати: физичката активност е најдобриот начин да го намалите ризикот од рак!

Испитувањата спроведени кај преку 400 000 жени кои се пред менопауза покажаа дека редовната физичка активност, пешачењето и вежбањето го намалуваат ризикот од рак на дојка.

 

Активноста во вид на работа во градината, често движење и работа во домот, го има истото дејство како и вежбањето.

Секојдневното пешачење го намалува и ризикот од рак на дебелото црево за цели 25 %, а го намалува и ризикот од рак на матката и простатата.

Превенцијата од рак е поврзана и со начинот на исхрана и воопшто начинот на живот, но резултатите од истражувањата најмногу се задржуваат на значењето на физичката активност која може да ви го спаси животот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 951 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус