Вицотека

Џокица за на факултет

15 јули, 04:34

Малиот Џокица ја прашува својата учителка дали може да разговараат после часот. Учителката прифатила.

Учителката: И, што сакаш да ми кажеш Џокица?

Џокица: Мислам дека сум премногу паметен за да останам во овој клас, се досадувам. Сакам да ме префрлите директно во гимназија.

 

За тоа бил известен и директорот, па тој го прашува Џокица дали сака да полага тест. Џокица без размислување прифатил. Директорот започнал со тестот.

Директорот: Ајде Џокица кажи ми колку се 3 х 4?

Џокица: 12!

Директорот: А 6 х 6?

Џокица: 36, господине директор.

Директорот: Главен град на Јапонија?

Џокица: Токио.

По половина час продолжува тестот. Џокица не направил никаква грешка. На крај на тестот, дирекоторот бил задоволен, но учителката сакала и таа да му постави неколку прашања. Директорот и Џокица прифатиле.

Учителката: Добро, Џокица. Кравата има 4, а јас имам 2, што е тоа?

Џокица: Нозе, госпоѓо.

Учителката: Точно. Што може да се најде во твоите пантолони а во моите нема?

Дирекотрот бил изненаден од прашањата.

Џокица: Џебови, госпоѓо.

Учителката: Добро, Џокица.  Кажи ми, на кое место жените имаат најсветли влакна?

Директорот се подготвувал да интервенира кога ќе одговори Џокица.

Џокица: Во Африка, госпоѓо.

Учителката: Што е меко, но во рацете на жената станува цврсто?

Директорот се изнервирал, а Џокица одговара.

Џокица: Лак за нокти, госпоѓо.

Учителката: Што имаат мажите и жените во средината на нозете?

Џокица: Колена!

Учителката: Добро. Што има пошироко мажената жена за разлика од немажената?

Директорот не можел да си поверува!

Џокица: Кревет, госпоѓо.

Учителката: Кој дел од моето тело е постојано влажен?

Џокица: Вашиот јазик, госпоѓо.

Учителката: Кој збор започнува на буквата „п“, кој означува нешто што може да биде влажно или суво и што мажите сакаат да го гледаат?

Џокица: Пат!

Дирекоторот препотен, одлучува да го прекине тестот и му вели на Џокица: Нема да те пратам во гимназија, туку директно на факултет. Дури и јас погрешно би одговорил на сите овие прашања.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1880 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус