Животен стил, Кујна, Рецепти

Вишновка – домашен ликер

13 јули, 06:28

Вишновката е добро познат рецепт од нашите баби. Многу е вкусна, има пријатна арома и потсетува на Шери бренди.

Знаејќи ја лековитоста на вишните, овој пијалак е доста здрав, доколку се пие во умерени количини.

 

 

 

Состојки:
300 гр. вишни без коски
300 гр. шеќер
300 мл. ракија

Подготовка:
Во стаклено шише или поголема тегла ставете ги вишните и шеќерот. Доколку сакате да добиете поголема количина, ставете повеќе вишни, но соодносот со шеќер и ракија секогаш да биде 1:1 ( 500 гр. вишни – 500 гр. шеќер- 500 мл. ракија).

Во садот додадете и лажица – две коски од вишните кои на ликерот ќе му дадат посебна арома и малку горчина.

Оставете го садот на сонце 40 дена, повремено протресете го, за шеќерот побрзо да се стопи. По истекот на 40-те дена процедете ја течноста и додадете послаба ракија.

Вишните може да ги замрзнете и да ги користите за слатки пити и колачи, а ликерот пијте го во добро друштво.

На здравје!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 12291 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус