Вистинска цел

20 април, 01:30

 

 

 

 

 

 

„Секој човек има само една вистинска цел - да го најде патот до себеси ... Неговата задача е да ја открие сопствената судбина, не произволна - и да ја живее целосно и решително во себе. Сѐ друго би било само божемно постоење, обид за избегнување, враќање на идеалите на широките маси, едноумието и стравот од сопствената суштина”.

- Демијан - Херман Хесе


Пронаоѓањето и реализирањето на нашата вистинска цел, ќе го направат нашиот живот вреден и достоен за живеење. 

Тешко е да допреме длабоко во нас самите, до нашите скриени и нереализирани желби, до нашите соништа и мечтаења и да најдеме сила и енергија да ги реализираме. Но уште потешко е да не знаеме дека не сме на вистинскиот пат, потешко е да не знаеме дека не се движиме во правилна насока, дека ја одиме патеката на животот која сите околу нас ја поминуваат по некоја навика.

Бидете свои, поставете си ваши сопствени и единствени цели во животот, бидете оригинални и несекојдневни и пробајте да го пронајдете патот кој води до вас самите, пат кој ќе ве ослободи од стегите и предрасудите и пат кој ќе ве направи посреќни и поисполнети.
​Само така духовно ќе напредувате и ќе бидете вистински среќни, реализирани и исполнети личности!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2910 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус