Вкусен колач со кока кола
Состојки за пандишпан:
6 белки
6 жолчки
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
6 лажици брашно
½ прашок за печиво
рендана кора од лимон
Состојки за фил:
½ литар кока кола
100 гр. шеќер
1 ванилин шеќер
250 гр. мелени ореви
250 гр. мелени бисквити
3 - 4 лажици рум
4 - 5 лажици сок од свеж лимон
1 кесичка шлаг пена
Подготовка на пандишпанот:
Белките се бијат во цврст снег. Во друг длабок сад се бијат жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да се добие пенеста смеса. Во смесата се додава ренданата кора од лимон и потоа се додава брашното промешано со прашокот за печиво и белките. Се ставаат наизменично, една лажица од снегот од белки, па една лажица од брашното со печивото, се меша убаво и постапката се повторува додека да се потрошат состојките. Смесата се става во плех обложен со хартија за печење 38 x 22 и се печи на 180°Ц, 15 до 20 минути. Откако пандишпанот ќе се испечи се остава убаво да се излади.
Подготовка на филот:
Сокот заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер се ставаат малку да зовријат. Потоа се тргаат од оган и во нив се додаваат мелените ореви и мелените бисквитите. Смесата убаво се меша и ѝ се додава румот и сокот од лимон.
Подготовка на колачот:
Со филот се премачкува ладниот пандишпан и колачот се става во фрижидер малку да се стегне, а потоа се премачкува со шлаг кремот. Повторно се става во фрижидер и пред да се послужи се сечи на коцки.
Пријатен сладок апетит!
Додади коментар