Вкусна торта со фил од жолчки

15 мај, 07:32

Состојки за пандишпан:

10 белки
10 лажици шеќер
250 гр. мелени ореви
6 лажици брашно
½ прашок за печиво

Состојки за фил:

10 жолчки
5 лажици шеќер
9 лажици брашно
100 мл. млеко + 700 мл. млеко
3 ванили
250 гр. маргарин кристал
250 гр. шеќер во прав

Белките заедно со шеќерот се матат со миксер и постепено во смесата се додаваат останатите состојки, мелените ореви, брашното и прашокот за печиво. 
Смесата се става во плех обложен со хартија за печење и се печи 30 минути на 175 степени.

За филот: жолчките заедно со шеќерот се матат со миксер, им се додава брашното и 100 мл. млеко за смесата да се разреди и да стане потечна. Оваа смеса се става во претходно загреано млеко (700 мл.) и филот се вари додека ја добие потребната густина. Пред филот да се тргни од огнот, се ставаат ванилите и се остава смесата уште некое време да поврие. 
Филот се остава убаво да се излади.

Во друг сад на страна се мати маргаринот со шеќерот во прав додека да се добие пенеста смеса. Оваа смеса се става во изладениот фил и сѐ убаво заедно се мати со миксер за да се соединат состојките.

Испечениот и изладен пандишпан се сече на три еднакви ленти. 
Секоја од лентите додека се филова се реди една над друга за да се добие торта во форма на правоаголник. 
На тортата одозгора се става изматен шлаг крем од ванила и тортата се украсува по желба.

Ви посакуваме пријатен апетит со оваа вкусна торта! 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 37691 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус