Во потрага по сопственото божество

15 август, 13:53

Некогаш многу одамна сите луѓе биле богови, но многу често почнале да го злоупотребуваат сопственото божество, така што главниот и врховен бог Брам одлучил да им го земе и да го скрие на место каде никој од нив нема да може да го пронајде.
Прашање било само каде да се скрие нивното божество, па поради тоа Брам ги повикал сите богови за да му помогнат и да најдат решение за проблемот.

- Ајде да го закопаме длабоко во земјата - предложиле боговите.

Брам се мислел и по кратко време рекол:

- Не, не може божеството да го закопаме во земјата, бидејќи луѓето ќе почнат копаат по земјата и ќе го пронајдат.

Потоа боговите дале друг предлог:

- А да го потопиме длабоко во океанот?

Брам повторно не се согласил со нивниот предлог па им рекол:

- Не, не можеме ни таму да го сокриеме, бидејќи луѓето ќе научат да нуркаат и ќе го пронајдат.

- А да го однесеме на највисокиот врв на највисоката планина и таму да го сокриеме - рекле боговите.

- Ни таму не можеме да го скриеме, бидејќи со текот на времето луѓето ќе можат да се искачат на секоја планина и повторно ќе можат да го најдат нивното божество - им рекол Брам.

Тогаш боговите немале повеќе идеи и затоа му рекле на Брам:

- Не знаеме каде да го скриеме божеството на луѓето затоа што изгледа дека ниту на земјата и ниту во водата не постои место до кое што луѓето нема да стигнат.

Брам откако ги слушнал боговите што рекле, долго време размислувал и на крајот рекол:

- Вака ќе направиме, ќе го скриеме нивното божество во најдлабокиот дел на нивните души, длабоко во нивните срца, бидејќи луѓето никогаш нема да се сетат таму да бараат.

Сите богови се согласиле дека тоа место е совршено скривалиште, па така и направиле. И од тоа време луѓето ја поминале целата земја на долго и на широко, копале, нуркале, се качувале по планините и барале нешто што веќе одамна е во нивните души.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2192 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус