Здравје, Чаеви и масти

Време е за чај од липа

23 мај, 04:08

Мај е месецот на липите. Пријатниот мирис кој го шират овие прекрасни дрва е вистински дар од природата.

Цветовите се берат токму овој период, се сушат и се користат за чај.

Цветот на липата има неверојатна лековита моќ и наоѓа голема примена во лечењето по природен пат.

 

Липата е природно средство за опуштање и смирување, го зајакнува организмот, а се користи и при зголемена температура.

Ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев удар.

Чајот од липа се препорачува и за жените во менопауза кои имаат проблеми со несоница и нервоза.

Овој чудесен пијалак помага и при следните болести:

- Го намалува крвниот притисок;
- Ја чисти крвта и бубрезите;
- Ги намалува болките при мокрење;
- Помага кај лицата кои имаат камења во бубрезите;
- Го спречува опаѓањето на косата;
- Спречува воспаление на плуќата;
- Помага при настинки, грип и воспаление на дишните патишта.

Чајот од липа е драгоцен лек кој може да го користат и деца.

Се препорачува за секого, освен за лицата кои пијат лекови за срце, лекови за намалување на притисокот и лекови кои обично се земаат по преживеан мозочен удар. Липата го зголемува дејството на овие лекови, затоа пијте чај од липа откако ќе завршите со терапијата.


Липата ја има насекаде околу вас. Посегнете и соберете ги ароматичните цветови бидејќи време е за чај од липа.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5235 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

30 Ноември

30 Ноември
На денешен ден, во 1835 година е роден американскиот писател Семјуел Лангхорн Клемeнс, познат како Марк Твен.     
© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус