Животен стил

Вториот дел од приказната на Стив Џобс која се однесува на љубовта и загубата

26 март, 12:26

 

 

 

 

 

 

”Имав среќа бидејќи рано во животот го најдов тоа што сакам да правам. 
Стив Возниак и јас го основавме Apple во гаражата на моите родители кога јас имав 20 години. Работевме напорно и за 10 години Apple, од нас двајцата работејќи во гаража, порасна во компанија од две милијарди долари со преку четири илјади вработени.
Ја пуштивме во продажба нашата најдобра креација Macintosh и година после тоа, на 30 годишна возраст добив отказ. 
Како можеш да бидеш отпуштен од компанија која си ја основал самиот?
Како што Apple растеше, вработивме некој за кој што мислевме дека е многу талентиран за да ја води компанијата заедно со мене. Првата година сѐ одеше добро и како што треба, но потоа нашите визии за иднината почнаа да се разијдуваат и со тек на време се скаравме. Кога тоа се случи, нашиот борд на директори застана на негова страна и на 30 години јас се најдов надвор од фирмата. 
Тоа што беше во фокусот на целиот мој живот како возрасен го снема и јас бев многу разочаран. Навистина не знаев што да правам наредните неколку месеци, чувствував како да ја изневерив претходната генерација на претприемачи, го испуштив олимпискиот факел што ми беше предаден мене. 
Се сретнав со David Packer и Bob Neuss и се обидов да се извинам за тоа што ја зафркнав работата толку лошо. Бев јавен неуспех и дури размислував да побегнам од силиконската долина. 
Но нешто бавно почна да се раѓа во мене. Сѐ уште го сакав тоа што го работев. Развојот на настаните во Apple не го промени тоа воопшто. Бев одбиен, но сѐ уште бев заљубен и одлучив да започнам од почеток. Не го видов тоа тогаш, но отпуштањето од Apple беше најдобрата работа што некогаш можеше да се случи во мојот живот. Тежината да се биде успешен беше заменета со леснотијата да се биде повторно почетник и да се биде помалку сигурен во сѐ и сето тоа ме ослободи за да влезам во еден од најкреативните периоди од мојот живот. 
Во наредните 5 години ги започнав компаниите Next и Pixar и се вљубив во прекрасна жена која стана моја сопруга. 
Компанијата Pixar го креираше првиот компјутерски анимирам цртан филм „Toy story” и сега е најуспешното студио за анимација во светот. 
Со неверојатен развој на настаните Apple ја купи Next, јас се вратив во Apple и технологијата која ја развивме во Next беше основа за најголемата ренесанса во Apple, а Lorin и јас направивме прекрасно семејство заедно. 
Прилично сум сигурен дека ништо од ова немаше да се случи ако не ме отпуштеа од Apple. Тоа беше лек со ужасен вкус, но на пациентот му беше потребен. Понекогаш животот ве удира со тула по главата, но не ја губете вербата. 
Убеден сум дека тоа што ми помогна да продолжам беше дека го сакав тоа што го работев. 
Мора да го најдете тоа што го сакате. Тоа е исто толку вистинито за работата, колку што е вистинито и за вашите љубени. 
Вашата работа ќе пополни голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете навистина задоволни е да го правите тоа за кое верувате дека е навистина голема работа, а големи работи се прават ако го правите тоа што го сакате. 
Ако сѐ уште го немате пронајдено, продолжете да барате и не се помирувајте.  
И како за сѐ што му е важно на срцето, ќе знаете кога ќе го најдете. Како секоја добра врска станува сѐ подобро и подобро како што поминуваат годините. Продолжете со барање и не се помирувајте”.      

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1770 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус