Мој предлог, Филм

Water for elephants – незаборавно филмско доживување

05 април, 05:42

„Вода за слоновите” е филм кој ќе ве врати во 30-те.
Костимите, сцените, животните, главните ликови, музиката – сè е беспрекорно, направено со многу внимание, разработено до најситниот детаљ, на начин на кој филмовите се снимаа во минатото.

Приказната се врти околу младиот студент по ветерина Џејкоб (Роберт Патинсон), кој му се придружува на големиот циркус за да се грижи за животните, бруталниот сопственик на циркусот (Кристофер Волц) и неговата сопруга Марлена (Рис Витерспун).

Филмот е снимен според истоимената книга, а оние кои ја прочитале кажуваат дека ова е една од најдобрите филмски адаптации работена според книжевно ремек дело.

Ова е можеби една од најдобрите, ако не и најдобра улога на Роберт Патинсон, а критичарите и публиката му оддадоа признание и на Кристофер Волц за одличната интерпретација на ликот на сопственикот на циркусот.

Water for elephants е вистински избор за оние кои сакаат да гледаат квалитетни филмови, многу поразлични од компјутерски направените сцени кои изобилуваат со акција и насилство.

Оние кои го гледаа филмот, велат дека тоа било прекрасно и возбудливо двочасовно искуство, филм кој посакувате да трае барем уште еден час.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1852 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус