Мој предлог, Филм

We Bought a ZOO – филм кој ќе ви покаже дека после дождот секогаш изгрева сонце

20 март, 06:28

„Си купивме зоолошка” е прекрасна семејна драма, снимена според вистинската приказна на едно семејство кое се обидува да си го среди животот.

По смртта на сопругата, Бенџамин (Мет Дејмон) бара нова куќа за себе и своите деца, а играта на судбината ќе го одведе до прекрасниот имот на кој покрај новиот дом го чека и големо изненадување.
Имотот всушност е стара зоолошка градина, вистински предизвик за семејството кое се обидува да ја надмине болката и да продолжи понатаму.

Додека Бенџамин и неговите деца се обидуваат да го вратат некогашниот сјај на Зоолошката и да им помогнат на животните, неосетно си помагаат себеси и наоѓаат нови радости кои им ја намалуваат болката.

We Bought a ZOO е прекрасна семејна драма која на моменти можеби ќе ве расплаче, но толку е полна со живот што ќе ве расположи и ќе ви покаже дека после дождот секогаш изгрева сонце.

Филмот беше номиниран во повеќе категории, режијата е на Камерон Кроу, а главната женска улога ја толкува Скарлет Јохансон.
Она што ќе ви остави посебен впечаток е неверојатниот талент на малите актери кои ги толкуваат ликовите на децата на Бенџамин. Нивната генијалност уште повеќе ја збогатува приказната која навистина вреди да се погледне.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1978 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус