За неа

100% проверена маска за прекрасна коса

20 јануари, 00:51

КОГА ЌЕ СЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ОГЛЕДАЛО СЕ ПРАШУВАТЕ ТОА ЛИ Е МОЈАТА КОСА - БЕЗЖИВОТНА, НЕМА СЈАЈ, ЕДНОСТАВНО НЕ СЕ ПРЕПОЗНАВАТЕ. НЕ ОЧАЈУВАЈТЕ - МАСКА ОД СОСЕМА ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ НЕ САМО ШТО ЌЕ ЈА ВРАТИ ВО ЖИВОТ ТУКУ ПОСЛЕ НЕКОЛКУ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТРЕТМАНИ НЕМА ДА СИ ВЕРУВАТЕ НА СВОИТЕ ОЧИ КОГА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ОГЛЕДАЛО.

Во зимските денови кога и до го погледнеме својот одраз не сме задоволни ни со изгледот на својата кожа, ниту со изгледот и квалитетот на својата коса. Тоа не е ништо необично бидејќи влажноста на воздухот надвор од просториите каде престојуваме, а во исто време сувоста на воздухот каде се затоплува има влијание врз нашиот организам. Недостатокот од сончевите зраци, ограниченото движење, несоодветната исхрана во зимскиот период често се причинители за недостаток од витамини и минерали што го ослабува нашиот имунитет. Затоа во зима треба што почесто да ја освежуваме и да ја храниме косата со маски кои ќе ги направиме сами од сосема природни состојки. Тие состојки се оние кои е многу посакувано да се употребуваат секојдневно во нашата исхрана и така ефектот би бил уште подобар кога ќе се дејствува и одвнатре и однадвор.

Маската се прави од:

- 2супени лажици маслиново масло
- 4супени лажици вода
- 1супена лажица мед
- 1/2кафена лажичка цимет
- 1/2кафена лажичка куркума

Во еден сад сè добро се промешува и се остава да отстои 1час и потоа се нанесува на целата коса. Маската се остава да дејствува минимум 2 часа, а потоа се измива со шампон како што вообичаено правите.


100% prirodna maska za prekrasna kosa, kosa, prekrasna kosa, prirodna maska, 100% природна маска за прекрасна коса, коса, прекрасна коса, маска, природна маскаМожеби оваа маска ви изгледа познато или сте ја прочитале многу пати како и многу други, но што е она што ја прави навистина добра и здрава и за вашата кожа и за вашата коса? За маслиновото масло и медот мислам не треба многу да се зборува зошто веќе се доста познати нивните нутритивни вредности. Со присуството на витамините, минералите, мононезаситените масни киселини, тие го заштитуваат и обложуваат влакното од надворешни влијанија. Она што оваа маска ја прави ДОБРА е комбинацијата на циметот и куркумата. Циметот и куркумата се многу богати со фитонутриенти кои дејствуваат противвоспалително, особено во меѓусебна синергија ја потенцираат таа своја моќ. Интерно преку исхраната го прочистуваат црниот дроб, а екстерно дејствуваат протективно. Според тоа вклучете ги во своето секојдневно мени, правете ја оваа маска најмалку 2 пати во месецот (може и 1неделно) и едноставно ќе ја оживеете вашата коса. Не се сомневајте бидејќи многу пати е проверена и резултатите се секој следен пат подобри. Ако сакате посветла нијанса за вашата коса тогаш ставете 1полна лажичка куркума и набрзо ќе ја забележите промената.
Ако сето ова сè уште не ве убеди тогаш што да се каже повеќе освен МОЕТО ИСКУСТВО ПОТВРДУВА 100% ОДЛИЧНО.ПОГЛЕДНЕТЕ И САМИ !!!

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3866 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус