За неа

5 работи што заборавивте да му ги кажете на вашиот поранешен сопруг

30 август, 12:33

Живеевте за него и му посветувавте голем дел од вашиот живот.

На крај се разделивте. Секој заминува по својот пат, а вие баш сега сфаќате што сè сте сакале да му кажете бидејќи тогаш сте немале храброст.

Ова се петте причини за кои треба да му се „извините” на вашиот поранешен сопруг: 

 

 

1. Се извинувам што ти беше причината за да бидам среќна

И двајцата имаме планови и цели во животот, но, додека за сè јас се потпирав на твојата љубов, ти се оддалечуваше мислејќи на проблемите. Заради тоа во моментот кога сфати дека те гуши мојата љубов и енергија, си замина. Но, знаеш ли дека ти беше причината за таа енергија? 

 

2.  Се извинувам што се обидував да те променам

Љубовта бара промени кај двете страни. Ако ги затвориш очите и оставиш друг да се прилагодува постојано на тебе, ќе изгубиш. Тоа и го доби. Ме изгуби мене. Љубовта спојува две личности кои мора да имаат нешто заедничко што ќе ги спојува. Кога нив ќе ги снема и љубовта си оди. 

 

3.  Се извинувам што те критикував

Кога те критикував, не го правев тоа без причина. И јас имам чувства, кои сакав ти да ги забележиш, а не некој друг. Беше слеп пред своите постапки. Знам, дека боли кога ќе погрешиш, но научи да се радуваш на промените. Додека јас се гледав во тебе, ти ни еднаш не погледна во мене. Можеби тогаш ќе се видеше себе си. 

 

4.  Се извинувам што не бев агресивна

Мојата смиреност и трпеливост ги прошири границите на твојата слобода. Не внимаваше. Заборави дека само чекор надвор од дозволеното ќе стави крај на нашиот живот. 

 

5.  Се извинувам што се борев да бидам глава на семејството

Сакав да сме среќни. Се чувствував доволно силна, чувствувам дека можам да направам сè за да бидеме заедно. Но, заборави што се сакавме да постигнеме заедно и си создаде свој живот одземајќи го мојот. Ти благодарам! 

Погледнете се во огледало и кажете си дека денес започнува вашиот нов живот. Не се менувајте и не судете. Вие вредите повеќе отколку што мислите бидејќи ѝ ја затворивте вратата на тагата, а ја отворате новата која ќе ви донесе среќа.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1847 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус