За неа

Интересен дизајн за маникир

25 јануари, 11:46

Доколку викендов имате малку повеќе слободно време, еве една идеја како да го потрошите креативно.

За оваа техника на маникир потребни ви се: лак за нокти (пастелни бои), безбоен лак за ноктиракија, и текст од весник.

Пред да започнете, исечете го весникот на мали парчиња (отприлика колку големината на ноктите). Во мал сад сипете ракија.

  1. Нанесете лак нa ноктот, како што споменавме користете пастелни бои т.е. бои што се контрастни на црната боја на текстот. Зависно од квалитетот на лакот, нанесете 1 до 2 слоја и почекајте да се исуши.
  2. Потоа ставете го ноктот во садот со ракија и чекајте 5 минути пред да го извадете.
  3. Поставете ливче со текст од весник на ноктот, убаво притиснете. Кога хартијата е целосно навлажнета, одлепете го ливчето.
  4. Нанесете безбоен лак.
  5. Повторете ја постапката за сите нокти.

Постапката е прикажана и  на сликата.

manikir


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 5746 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус