За неа

Како ве опишуваат боите на вашата венчавка?

22 август, 15:58

Навистина е тешко да избереш бои за твојата венчавка, но потешко е истите да ги комбинираш. Среќната бројка е 3, три бои за одлична комбинација.

Првата боја е најдоминантна. Тоа е бојата на венчаницата, бојата на поканите, на цветовите и декорацијата.

Втората боја треба да ја надополнува првата. Таа може да се забележи во ситните детали на поканите, приборот на масата, детали во декорацијата.

Третата боја ги нагласува останатите две бои. Може да се забележи на самите цветови или на додатоците.

Иако потсвесно ги бираме боите, забораваме дека тие ја отсликуваат нашата енергија и хармонијата во просторот. Во продолжение се објаснети значењата на дел од боите:

- Светло-црвена: возбудлива, енергична и секси

- Светло-розова: возбудлива, среќна и жешка

- Нежна розова: романтична, нежна и слатка

- Беж боја: нежна, покорна и тивка

- Темно-црвена: богата, елегантна и префинета

- Теракотна боја: реална, топла личност, комплетна

- Портокалова: интересна, детинеста и среќна

- Боја на праска: нежна, нејасна и издржлива

- Нежно-жолта: весела, среќна и нежна

- Светло-жолта: интелигентна, весела и друштвена

- Крем боја: нежна, богата, топла личност

- Нежно-сина: смирена, тивка и мирољубец

- Морско-сина: пријатна, богата и едноставна

- Темно-сина: веродостојна и едноставна

- Светло-зелена: свежа и полна со живот

- Темно-зелена: природна, доверлива и полна со енергија

- Боја на зелен лимон: личност која брзо се лути, свежа

- Бела: чиста, невина и чесна

- Црна: моќна, елегантна и мистериозна

- Сива: класична, опуштена и соработлива

- Сребрена: класична, опуштена и скапа

- Златна: топла, богата, личност која зрачи енергија.

 Знаејќи го значењето на вашите омилени нијанси, направете го најдобриот избор за вашата свадба.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2171 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус