За неа

Малку мед за убаво лице

01 јули, 04:06

 

 

 

 

 

 

Медот е здравје, тоа на сите ни е добро познато. Но, она што можеби не сте го знаеле е дека медот има чудесни ефекти врз лицето и заменува многу скапи производи за нега на кожата.

Кои се најважните придобивки на медот кога кожата е во прашање?

Природен навлажнувач
Медот е идеален за лицата со сува кожа. Неговите состојки ја хидрираат кожата, давајќи ѝ ја потребната влажност. Едноставно нанесете тенок слој на лицето и вратот, оставете да дејствува десетина минути и исплакнете со млака вода.

Борец против акни
Антибактериските својства кои ги содржи го прават медот одличен борец против акните. Нанесете сосема мало количество мед на местата каде имате акни, оставете да дејствува 15 минути, па нежно исплакнете. Секојдневното третирање на акните на ваков начин, ќе даде неверојатни резултати.
Истата постапка може да ја примените и за флеки на кожата.

Борец против брчки
Кажете им збогум на скапите креми против стареење. Медот ја подмладува кожата, успешно се бори против брчките и го спречува влијанието на слободните радикали кои ја стареат кожата.
Малку мед за свежа и млада кожа!

Медот ја штити кожата
Благодарение на антиоксидансите и некои други својства, медот ја штити кожата на лицето, помага за лечење на осип, рани и инфекции.

Храна за кожата
Медот е вистински извор на хранливи материи. Доколку го нанесете на кожата, таа се храни и регенерира, а резултатот ќе биде здрава и „среќна” кожа.


Напомена: Кај некои лица се јавува алергиска реакција при нанесување мед на лицето. Првиот пат нанесете сосема малку мед на мал дел од кожата, за да бидете сигурни дека нема да се јави реакција.
За најдобри резултати користете природен, непреработен мед.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8318 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус