За неа

Маска од чоколадо за сува кожа

01 февруари, 07:19

Маската од чоколадо ќе ви помогне да го решите проблемот со сувата кожа на вашето лице, врат и деколте. Витамините, минералите и кофеинот кои ги содржи чоколадата помагаат за нормализирање на крвотокот и лимфниот систем и спречуваат појава на оток. Теоброминот и теофилинот ја затегнуваат кожата.

Посебен акцент се става на благодатот на какаото, поради што во козметичката индустрија се користи чоколада со што поголемо количество какао.

Состојки:

  • 2 големи коцки црна чоколада
  • 2/3 филџан млеко
  • малку морска сол
  • 3 лажици кафеав шеќер

Подготовка:

Во посебен сад ставете ги двете коцки црна чоколада и стопете ги на пареа. Потоа, во истот сад додадете ги млекото, морската сол и кафеавиот шеќер. Смесата оставете ја над пареа и мешајте додека да се добие смеса без грутки. После тоа, оставете да се олади, но не да се стврдне.

Маската се нанесува по целото лице и се чува сè додека да се стврдне. Лесно се чисти со млака вода.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1384 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус