За неа
Мејкап совети за бринети
Изборот на шминка е тесно поврзан со природниот тен и бојата на косата.
Не секоја боја на сенка и кармин им одговара на бринетите, блондинките и црвенокосите.
Доколку сте бринета, обратете внимание на нашите мејкап совети и заблескајте!
Ајлајнер
Блондинките и црвенокосите не можат да си дозволат комплетен мејкап без маскара, бидејќи нивните трепки се посветли, па секогаш им е потребно нагласување. За разлика од нив, бринетите имаат темни трепки, а доколку трепките се густи и долги, тогаш маскарата може да се замени со ајлајнер. Тенката линија нанесена на очниот капак совршено ќе ги нагласи очите. Црниот ајлајнер е одличен избор за помладите, додека бринетите во доцните четириесетти треба да користат кафеав ајлајнер.
Руменило
Комбинацијата од розови и земјени тонови е совршен избор на руменило за бринетите. Розовото руменило повеќе им одговара на блондинките, додека бринетите најдобро е да користат бронзени нијанси.
Руж за усни
Виолетовите нијанси се совршен избор за усните на бринетите. Црвениот руж за усни е исто така полн погодок, особено ако имате потемна боја на косата, па црвената боја ќе биде добар контраст кој ќе го нагласи лицето, тргнувајќи го вниманието од косата. Ружевите за усни со розова нијанса се малку бледи за бринетите, но ако ви се допаѓаат, не двоумете се да ги користите. Сепак, најдобар изглед се постигнува со виолетовите и црвените, обидете се и видете го резултатот.
Веѓи
Темните веѓи на бринетите се вистински украс на нивното лице. Дадете им форма која задолжително ќе има мал лак на краевите. Добро е некој стилист да им даде форма на вашите веѓи, а потоа вие само ќе ја одржувате. Нагласувањето на веѓите е уште еден начин да ја истакнете нивната убавина. Малку темна сенка или моливче ќе ги пополни празнините и ќе им даде посебна убавина на веѓите. Нагласувањето на веѓите ќе го скрие секој недостаток на очите, бидејќи она што другите најпрво ќе забележат на вашето лице ќе бидат токму веѓите, па какви недостатоци и да има лицето, секогаш ќе бидат затскриени, токму поради нагласените веѓи.
Сенки за очи
Ако сакате да ги нагласите очите, користете појаки нијанси. Ако пак сакате да ги нагласите усните, очите треба да видат понежно нашминкани.
На бринетите најдобро им стојат виолетова, сина и зелена сенка за очи, како и кафеави, медови и карамел нијанси.
Додади коментар