За неа

На природен начин во борба против брчките

10 октомври, 07:04

Првите знаци на стареење најчесто се јавуваат околу очите и устата.

Брчките се појава со која се соочува секоја личност и честопати се јавуваат и кај помлади лица, најчесто поради стресот, брзиот начин на живот, пушењето и слично.

Неколку природни состојки можат многу да ви помогнат во ублажувањето на овие несакани линии.

 

Покрај кремите против стареење, во борбата со брчките многу успешни се покажале и:

Кокосово масло
Нанесете малку кокосово масло околу очите и со нежни движења масирајте ја кожата. Редовното практикување ќе донесе видливи резултати по само неколку седмици.

Краставица
Круговите од краставица се одлични за уморната и набрчкана кожа на очните капаци и брчките на краевите од очите. Практикувајте почесто освежување на очите со краставица и кажете им стоп на брчките.

Портокал
Сокот од портокал е уште една природна состојка која ја освежува кожата и помага за намалување на знаците на стареење. Малку памук потопете во сок од свежо исцеден портокал и нежно нанесете околу очите, но внимавајте сокот да не продре во очите. Овој третман се препорачува два пати дневно, наутро и навечер.

Рициново масло
Истата постапка како и со другите состојки. Нанесувате на кожата околу очите и нежно масирате додека маслото се впие. Рициновото масло е еден од најдобрите борци против брчките.

Белка за очните капаци
Натопете памук во белка и нанесете на очните капаци. Белката прави чуда за кожата на капаците и моментално ја затегнува. По нанесувањето оставете добро да се исуши, па нежно исплакнете.

Во борбата против брчките помагаат и добриот сон, спиењето на грб, здравата храна, не изложувањето на сонце и воопшто сè она што значи здрав начин на живот.

Совет: Сите наведени природни состојки може да ги користите и за кожата околу устата и воопшто сите делови од лицето каде се јавуваат знаците на стареење.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4990 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус