За неа

Ослободете се од темните подочници

20 декември, 06:26

Темните кругови под очите се проблем со кој се соочува секоја жена.

Најчести причини за нивно појавување се настинките, алергиите, возраста, како и осетливоста на кожата под очите.

Иако не можат трајно да се отстранат, неколку трикови може да ви помогнат брзо и лесно да ги намалите.

 

Трик 1

Земете мал ден од кремот за очи или коректорот кој го користите и во него ставете малку златна сенка за очи. Промешајте и со тапкање нанесете на пределот под очите. Сенките со жолта нијанса помагаат да се прикријат темните кругови под очите, па веднаш се добива впечаток дека областа околу очите е сјајна и светла.

Трик 2

Побарајте крем за околу очи со витамин К и екстракт од зелен чај. Доколку редовно го користите, кожата под очите ќе стане поиздржлива, а со тоа и темните кругови ќе се ублажат.

Трик 3

На очните капаци ставете изладени влажни вреќички од чај и оставете да дејствуваат 10 – 15 минути, па нежно исплакнете со млака вода.

Трик 4

На очните капаци ставете кругови од краставица или компири, оставете да дејствуваат 10 – 15 минути, па нежно исплакнете со млака вода.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2646 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус