За неа

Пролетна градина во колекцијата на Диор

22 јануари, 13:03

Во што е тајната на Диор? Според една изјава на славниот моден креатор, тајната се криела во тоа што тој дизајнирал соништа, а не фустани.

Најновата ревија на модната куќа Диор навистина наликуваше на сон.

Модната недела во Париз ја претстави најновата колекција пролет/лето 2013 на Раф Симонс. Ова е трета по ред голема женска колекција на Симонс во рамките на модната куќа Диор.

Додека Париз мируваше под снежна покривка, моделите на Диор шушкаа со прекрасните фустани додека се движеа низ пролетна градина.

Симонс внесе свежина, ја нагласи женственоста, но направи и комбинација од некои поранешни парчиња облека на Диор.

Приказната за Диор, раскажана низ креациите на Раф Симонс беше вистинско уживање за љубителите на модата.

Судејќи според квалитетот на колекцијата, Симонс, кој мината година застана на чело на Диор, ја научил тајната, па го продолжува ткаењето соништа.

Getty images

Фотографии Getty images

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1842 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус