За неа

Со фармерки против целулит

22 јануари, 12:25

Американскиот производител на фармерки, познатиот бренд Vrangler, дизајнира фармерки наменети за жените кои имаат проблем со целулитот.

Фармерките во својот состав ги содржат сите потребни состојки кои се добро познати како успешни во борбата со целулитот - кофеин, алги и ретинол.

Сé што треба да се направи за успешно справување со непосакуваниот целулит е самото носење на овие фармерки.

Во својата рекламна кампања Vrangler тврдат дека нивниот производ е тестиран, па честото носење на фармерките успешно ќе ги редуцира непосакуваните масни наслаги за дури 60%.

Во очекување да се појават во скоро време на пазарот, останува да се надеваме дека вечниот проблем на повеќето жени ќе биде успешно решен без нивен поголем ангажман.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1996 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус