За неа

Заштитете ја бојата на вашата коса на природен начин

09 јануари, 09:23

 

 

 

 

 

 

За жените кои ја фарбаат својата коса брзото губење на бојата е голем проблем.
Дознајте како на природен начин да ја задржите бојата што подолго:

Кана за црвенокоси
Земете кна и добро промешајте ја со вода, потоа нанесете ја на вашата коса. Оставете така да отстои околу 30 минути, потоа добро измиете ја. Црвената боја најмногу се оштетува, ако ја споредиме со другите бои. Користете кна барем еднаш месечно за бојата и сјајот да ги задржите што подолго.

 

Хмељ за црнокоси
Измешајте две лажички пиво со половина литар вода, потоа смесата нанесете ја на својата коса. Оставете да отстои 10 минути и добро измиете ја. Оваа природна мешавина ќе го врати сјајот на вашта црна коса.

 

Кафе за бринетите
Сварете поголема чаша кафе и почекајте да се олади. Потоа ставете едно јајце во кафето и добро промешајте. Оваа смеса нанесете ја на целата коса и завиткајте ја со фолија. Оставете да отстои околу 20 минути, потоа добро измиете ја.

 

Камилица за блондинки
За плавата коса која брзо ја губи својата нијанса и сјај се препорачува еднаш неделно миење со чај од камилица. Камилицата ќе го успори нејзиното оштетување.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3516 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус