За него

6 совети како да флертувате

04 јуни, 00:01

 

 

 

 

 

 

Се прашувате зошто девојките го избегнуваат вашиот флерт? Не се разочарувајте, време е да го наминете тоа.

1. Бидете самоуверени

Самодовербата е основа за успех не само во флертот, туку и во животот. Бидете свои и сигурни во тоа што го правите. Но, внимавајте да не ја преминете линијата помеѓу самодовербата и „нарцизмот”. Држете се исправено, зацврстете ги рамената и кренете ја главата. Ви се изгуби здивот?! Многу од момците забораваат на правилното дишење. Во моментот кога разговарате со посакуваната девојка важно е да сте свесни и во правилна насока да го водите разговорот. Дозволете да зрачи од вас самодовербата.

2. Држете го погледот во нејзините очи

Погледот во очи ја покажува заинтересираноста на соговорникот да разговара со вас, а и подобро ќе се разбирате. Очите се огледало на душата, па затоа пронајдете го тоа што ви е потребно.

3. Говорот на телото

Внимавајте на вашите движења со телото! Прекрстените раце и постојаното „замавнување”со нив се показател дека не сте заинтересирани за разговор. Застанете исправено и благо поднаведнете се кон соговорникот. Бидете во тек со разговорот. Тоа сигурно ќе ја подобри вашата комуникација.

4. Користете ги вашите раце

Не плашете се дека вашите раце ќе се движат неконтролирано. Бидете опуштени и во моментите кога личноста ќе ви каже нешто интересно добро е да ја допрете на раката или кога сте на првиот состанок. Тоа ќе ги подобри вашите односи.

5. Поставувајте прашања

Не заборавајте да ја прашате личноста од каде е, што сака да прави во слободно време. Овие кратки прашања ќе ѝ дадат до знаење дека сакате подобро да ја запознаете.

6. Шегувајте се, но не претерувајте!

Шегувањето на своја сметка, не само што ќе ве насмее, ќе ја намали тензијата помеѓу вас. Бидете едноставни, потсетете се на смешните случки од училиште или од детството. Искрите ќе ги чувствувате околу вас.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2960 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус