За него

И машките сакаат подароци

09 декември, 00:15

Новогодишните и Божиќните празници се одлична можност на вашиот сакан да му подарите нешто.

И момците исто како и жените се радуваат кога ќе добијат подарок, иако тоа не знаат да го искажат како нив. 
Длабоко во себе се радуваат на секоја ситница која ќе ја добијат, а задоволството ќе биде уште поголемо ако подарокот го добијат од нивната сакана. 

Па девојки време е да ги израдувате вашите партнери со некој подарок преку кој ќе ја искажете сета ваша љубов и внимание. 

Но дали знаеме што најмногу како подарок сакаат да го добиваат момците, на која работа најмногу ќе се израдуваат и која ситница кај нив ќе предизвика чувство на задоволство и среќа?

Во продолжение на статијата информирајте се што момците најмногу сакаат да добиваат како подарок и според карактеристиките на вашиот сакан одберете го најдобриот подарок за него. 

1. Сѐ од техника
Без разлика дали станува збор за нов вид на мобилен телефон, таблет, смартфон, лаптоп, домашно кино, фотоапарат, USB меморија, блутут, надворешен диск, појачувач на музика, play station, безжична тастатура, џојстик и други технолошки новитети, момците ќе бидат неизмерно среќни кога ќе добијат било кој од овие подароци.
Финансиската состојба е пресудна за купување на ваков вид на подарок, затоа пред да купите било што, добро размислете дали можете тоа што сте го замислиле да си дозволите да го купите. Ако не можете не очајувајте затоа што во продолжение следат и други добри препораки за подароци.

2. Облека
Бидејќи повеќето од момците не сакаат да купуваат и да одат во шопинг, ќе им направите голема услуга на вашите сакани ако за подарок сте одлучиле да им подарите облека. 
Можете да одберете некоја интересна кошула, блуза, џемпер, маичка или  боксерки. 
Што и да одберете ќе им биде од голема корист на партнерот.

3. Козметика
Сѐ повеќе и повеќе момците почнуваат да внимаваат на козметиката која ја користат, внимаваат на нивниот изглед, сакаат да имаат добро и негувано лице и кожа, што секако е многу добар напредок. 
Ако и вашиот партнер е еден од оние кои сакаат да изгледаат средено во секоја прилика, од ваша страна убаво би било да им подарите некој добар парфем, балзам за после бричење или козметички сет кој ќе ги задоволи сите негови потреби.

4. Влезници за натпревар или концерт
Со влезница за натпревар на неговиот омилен спортски тим, или со влезница за концерт на некој негов омилен бенд или пејач, верувајте дека никогаш нема да погрешите.
Израдувајте го вашиот сакан со влезница за нешто кое до сега немал можност да го проба како картинг, лизгање на мраз, или обезбедете му влезница за некоја автомобилска трка, за формула и слично.

5. Модни додатоци
Модерен часовник, интересен паричник, кравата со интересен дизајн, мало машко чанте, ремен, копчиња за кошула, штипка за кравата и други модни додатоци се одлична идеја за одбирање на подарок. Но пред да одлучите било што да купите, најдобро е да го знаете вкусот на партнерот за да не погрешите во изборот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3876 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус