За него

Како да одберете костум

26 ноември, 00:58

 

 

 

 

 

 

Добар костум не значи само костум кој ви се допаѓа или убаво ви стои. Внимавајте на неколку нешта при купувањето, за да го направите вистинскиот избор. 

  • Квалитет на ткаенината

Колку и да ви се допаѓа бојата и дезенот, ако ткаенината не е квалитетна ќе направите голема грешка.

Стиснете го со раката сакото или панталоните. Ако ткаенината не покажува промени, значи е квалитетна, но ако веднаш се појават набори, не го купувајте костумот. Само што ќе седнете, веднаш ќе се истутка и нема да изгледа убаво.

  • Вид на ткаенина

Костумите најчесто се изработени од волна. Понекогаш материјалот е комбинација од волна и кашмир, а костумот може да биде и 100% кашмир.

Како и да е, волнените или костумите комбинирани со кашмир се најдобар избор.

Летниот период може да се одлучите и за ленени и памучни костуми. Овие материјали се туткаат, но се пријатни за топло време.

  • Големина на костумот

Не се придржувајте до бројот кој вообичаено го носите. Големината зависи од моделот и кројот, па внимавајте на следното:

-костумот треба убаво да лежи на рамената;

-ракавите треба да бидат најмногу до коренот на палецот. Ако ја надминуваат оваа должина треба да пробате помал број;

-одбирајте струкирани костуми;

Ако костумот лежи на рамената и струкот, а е долг во ракавите или панталоните, секогаш може да ги скратите.

  • Боја

Есенските и зимските костуми треба да бидат потемни. Сивите костуми изгледаат одлично, како и кафеавите и се разбира црните. Сепак, бојата е прашање на вкус, па може да си дозволите слобода да ја направите комбинацијата која вам ви се допаѓа.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1413 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус