За него

Машки палта

30 јануари, 08:46

Сé до првите пролетни денови, палтата, заедно со јакните и спортските винтјаги, се основни модни комбинации на зимската сезона.

За разлика од јакните, палтата се избор за елегантни комбинации кои се носат над пантолони или костуми, кошули и кравати. Во полежерни комбинации можат да се носат и над ролки кои само ќе ја нагласат мажественоста.

Кога станува збор за изгледот на палтата, најмногу преовладуваат оние со должина до колената, струкирани или со прав крој, со еден или два реда на копчиња. 

Оние кои се со два реда копчиња обично се наменети за помладата популација која ја сака спортската елеганција.

Секако има и други видови на палта, со различни должини и копчиња, со или без џебови и ревери, но оваа сезона, при избор на палто најмногу внимание треба да се обрни на бојата.

Иако најмногу преовладуваат во црна, сива и беж боја, најмодерни и сé повеќе барани се палтата со бордо и кралско сина боја или боја на ноќта. 

Ваквата боја во потполност ја разбива монотонијата на темните дневни комбинации.

Во некои случаи може да се направи комбинација од двете бои, така што над бордо ролка ќе облечете палто со кралско сина боја или обратно. 

Каква комбинација и да одберете, доволно е што на ова сиво време ќе му се спротивставите со бојата на вашето палто.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 9413 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус