За него

Што сè не ѝ се вели на жена

31 јули, 06:26

Момци и зрели господа, кога девојките или дамите се во прашање, навистина е тешко да се најдат вистинските зборови за да не бидете погрешно сфатени.

Жените се комплицирани суштества и внимателно го анализираат секој ваш збор, па колку и да ви е добра намерата, честопати може да бидете погрешно разбрани.

 

Што сè не ѝ се вели на жена?

Внимавајте на изјавите, бидејќи вие кажувате едно, а жената слуша сосема друго. Наместо овие и слични вакви изјави, кажете нешто што нема да биде погрешно сфатено.


Вие: „Навистина си ослабела”.
Колку и да сакате да ѝ дадете комплимент за убавата линија, оваа ваша изјава жената ја слуша вака: „Порано беше дебела”. Затоа, најдобро е да не ги спомнувате килограмите и едноставно да ѝ кажете дека изгледа убаво.


Вие: „Изгледаш добро за годините”.
Таа слуша: „Изгледаш добро и покрај годините”.
Никако не ги спомнувајте годините, едноставно заборавете на овој збор кога жените се во прашање.


Вие: „Немам време сега”.
Таа слуша: „Имам попаметна работа”.
Објаснете ѝ дека имате итна работа, а веднаш штом ќе завршите, ќе најдете време за неа.


Вие: „Не знам, ми изгледаат исто.”
Таа слуша: „Не ме интересира”.
Кога од вас ќе побара мислење, кажете го, дури и ако не можете да се одлучите, но никогаш не велете дека не знаете која боја да ја избере, или кој фустан ѝ стои подобро.


Сепак, не се сите жени толку комплицирани и не мора секогаш да бидете премногу внимателни.
Дали имате партнерка поради која мора внимателно да ги избирате зборовите или не, проценете сами. За ваше добро, се разбира.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1884 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус